27 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРаст на продажбата во App Store

Раст на продажбата во App Store

ap store53

„Apple“ објави рекордни приходи од продажбата на содржини од „App Store“. Во текот на 2014-та оваа продавница за апликации оствари приход во висина од 15 милијарди долари, што е за 50 проценти раст во однос на една година претходно.

Исто така, благодарејќи на поголемите „iPhone“ уреди, во првата недела од оваа година соборен е уште еден рекорд, остварен е приход во висина од скоро половина милијарда долари. Дополнително, 1-ви јануари 2015-та бил најпрометниот ден во историјата на „App Store“.

Оваа продавница моментално брои 1.4 милиони апликации за „iPhone“, „iPad“ и „iPod touch“, a посебно за „iPad“ се достапни 725.000 aпликации.

„Apple“ од продажбата во „App Store“ на сопствениците на апликации им зема 30% од износот, што значи дека само оваа година на програмерите им се исплатени преку десет милијарди долари.

Од компанијата се пофалија дека „iOS“ и поврзаните екосистеми за шест системи создале 627.000 работни места во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП