3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Кина се повеќе луксузни автомобили

Во Кина се повеќе луксузни автомобили

avto1

Кина во почетокот на 2016 година, ќе ги надмине САД и ќе стане најголемиот светски пазар за луксузни автомобили, соопшти консултантската компанија Мекинзи.

Довербата во кинеската економија, зголемувањето на стандардот на граѓаните и желбата за друштвен статус ја поттикнува продажбата на престижни автомобили, пренесува агенцијата АФП.

Кина во моментов, после САД е вториот најголем пазар за автомобили од премиум сегментот, со годишна продажба од 1,25 милиони возила.

Продажбата на луксузни автомобили во Кина, би можела да достигне 2,25 милиони возила во 2016 година, и речиси три милиони автомобили на крајот на 2020 година, се наведува во извештајот.

Мекинзи го дефинираше премиум сегментот во Кина, како група од автомобили кои чинат помеѓу 32 и 190 илјади долари, со исклучок на ултра луксузните автомобили.

Минатата година на пазарот во САД се продадени 1,7 милиони луксузни автомобили, додека во 2020 година се претпоставува дека таа бројка ќе достигне 23 милиони возила.

Германските производители на автомобили како што е Мерцедес, Ауди и БМВ, претставуваат 80 проценти од вкупната продажба во премиум сегментот на пазарот во Кина, но конкуренцијата во оваа класа станува се посилна.

Кина е веќе најголемиот автомобилски пазар во светот, а во 2012 година продажбата се зголеми за 4,3 проценти на годишно ниво, на 19,31 милион возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП