Данските власти побараа од компанијата „Microsoft“ да плати данок од 5.8 милијарди круни или 778 милиони евра.
„„Microsoft“ и должи на државата вкупно 5.8 милијарди круни“ стои во соопштението на данскиот јавен сервис.
Данскиот даночен орган се во преговори со американските колеги и со компанијата за да ја наплатат големата сума на пари.
Неплатениот данок е поврзан со превземањето на „Microsoft“ на данската групација „Navision“, преку подружницата на „Microsoft“ во Ирска.
Даночните власти во Данска веруваат дека американската компанија не ја платила сумата која одговара за превземање на компанијата, а потоа активите ги префрлила во Ирска, која има пониски даноци.