28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес се состануваат министрите за финансии на еврозоната

Денес се состануваат министрите за финансии на еврозоната

europe-ministers

Министрите за финансии на еврозоната, денеска ќе разговараат за проблемот на слабата економија во еврозоната и зголемената политичка неизвесност, по неубедливите резултати на парламентарните избори во Италија.

Податоците објавени во петокот, покажуваат дека невработеноста во еврозоната достигнала рекордно ниво, а побарувачката е задушена.

– На денешниот состанок ќе се води жива дебата за економските перспективи на еврозоната, со посебен фокус на Франција, која би можела да добие уште една година за справување со својот буџетски дефицит, изјави неименуван европски претставник.

Министрите ќе разговараат и за напредокот во докапитализацијата на шпанските банки, како и за критериумите кои ќе се применуваат од идната година, кога земјите-членки ќе побараат помош од Европскиот стабилизациски механизам.

Министрите ќе разговараат и за минатонеделниот контроверзен договор за потребното ниво на капиталот на банките и за ограничување на банкарските бонуси. За тоа ќе се разговара утре, на средбата на сите 27 земји-членки на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП