26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШакири е нов фудбалер на Интер!?

Шакири е нов фудбалер на Интер!?

gerdan 53

Напаѓачот на Баерн Минхен, Џердан Шакири веќе е фудбалер на Интер. Како што е познато, двата клуба преговараа неколку дена, а денес шефовите на „нероазурите“ отпатуваа за Минхен, за да се обидат да стигнат до официјален договор.

До утрото имаше разлика од два милиони евра меѓу бараните од германскиот шампион и предложените од Италијанците. Вчера наутро миланскиот гигант предложи 13 милиони евра за крилниот фудбалер, но од спротивната страна објавената цена беше 17 милиони евра. По неколку разговори по телефон, Интер ја крена понудата на 14 милиони евра, а „баварците“ ја намалија цената на 16 милиони евра.

Самиот фудбалер пак објави дека сака да ја продолжи кариерата на „Сан Сиро“, кој беше еден од адутите на „црно-сините“. Денес двата клуба се ракуваа, откако од Баерн соборија уште еден милион евра. Така Шакири оди во Милано како позајмен играч до крајот на сезоната за сума од два милиони евра, а на крајот на сезоната во касата на Баерн ќе влезат уште 13 милиони евра.

18-кратниот шампион на Италија сака што е можно побрзо да го привлече Шакири, кон кого интерес покажуваше и Ливерпул. Се очекува уште денеска или најдоцна утре тој да пристигне во Италија.

Манчини и раководството му подготвиле договор вреден 2,75 милиони евра по сезона, а покрај различни бонуси годишната плата може да стигне и до три милиони евра. Времетраењето на договорот ќе е до 30-ти јуни 2019-та година.

Во летото на 2012-та година, Шакири го засили Баерн за сума од 11.8 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП