25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКамбоџа - Кралство кое брзо се развива во туристички рај за светските...

Камбоџа – Кралство кое брзо се развива во туристички рај за светските патници

Angkor Wat before sunset, Cambodia.

Илјадници бекпекери годишно ја посетуваат оваа Индокинеска држава која според неколку травел магазини има рејтинг 8 од 10. Евтини хотели, евтина вкусна улична храна, точено пиво со цена идеална за балканските народи, храмови и плажи се само неколку од многуте причини зошто да ја посетите Камбоџа.

Брзиот и бучен Пхном Пен ќе биде вашиот touch down, доста ви се 2 дена да ја доживеете оваа метропола и документирате сите знаменитости.

Ангкор Ват, бисерот на оваа земја, историски локалитет заштитен од УНЕСКО од 2013 е дел од најпосетените туристички дестинации во светот. Историјата на Кралството на Кхмерите и нивниот начин на обожување на Хинду Боговите со градење на огромни храмови се магнет за авантуристи, историчари, архитекти како и селфи турисити.

Од храмовите на Ангкор патот ќе ве одведе до езерото Тонле Сап и потопените села околу него. Нови култури и обичаии ќе го збогатат вашиот ум, од традиционални песни и танци до чудни начини на лов и риболов.

По крајот на Индијана Џонс авантурите време е да поминтете некое време и на прекрасните плажи наТајландскиот залив. Шиноквил е местото за сончање, пливање и ладно пиво кога сте во Камбоџа, но доколку сакате да ги избегнете пијаните ноќи и западњачките забави спуштете се во мирниот град Кепкаде ќе фатите бродче да ве однесе до мирниот и неразвиен Остров на Зајците каде ќе одмарате во колиби и струја ќе имате 2-3 часа дневно.

 

ТОП 10 РАБОТИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ НАПРАВИТЕ ВО КАМБОЏА

 

1. Посета на Пхном Пенх

Кралската палата

Музејот на геноцидот врз кхмерите од страна на Пол Пот

Полињата на смртта

Централниот маркет

2. Посета на Сием Реп и Ангкор Ват

Тура од 3 дена е идеална за истражување на храмовите на Ангкор

Посета на селата околу Сием Реп со тук тук

Забава на “Pub Street” со стотици бекпекери од целиот свет

3. Езерото Тонле Сап и потопените села

Со брод посетете ги потопените села, а со локално кану селските “водени улички”, уживајте во зајдисонцете на Тонле Сап на бродската палуба.

4. Возење со Тук Тук

5. Возење во ноќен автобус од Пхном Пенх до Сием Реп

6. Пробајте точено Ангкор пиво и пржени скакулци

7. Уживајте на белите песочни плажи на островот Кох Ронг и Кох Ронг Самлоем

8. Имајте виситински одмор на островот на зајците.

9. Пробајте Амок, традиционална кхмерска храна

10. Авантуристите мора да изнајмат скутер и да го истражат секое делче од оваа прекрасна земја.

 

Во продолжение погледнете ги прекрасните фотографии направени од фотографот Драган Тапшанов (www.Tapshanov.com), кој додека е во Македонија издава апартмани за краток престој во Скопје за странски туристи, за кои како што вели, му прават да се чуствува како да патува во нивните држави од дома.

dragan-tapsanov-kambodza-7

dragan-tapsanov-kambodza-4

dragan-tapsanov-kambodza-3

dragan-tapsanov-kambodza-2

dragan-tapsanov-kambodza-1

Автор на текстот: Драган Тапшанов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП