21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИWhatsApp има повеќе од 700 милиони корисници месечно

WhatsApp има повеќе од 700 милиони корисници месечно

what 3

Апликацијата за моментално испраќање на пораки „WhatsApp“ сега има повеќе од 700 милиони корисници месечно.

Со овој број на корисници, „WhatsApp“ е на добар пат наскоро да достигне милијарда корисници.

„WhatsApp“ уште од октомври 2013-та година (кога се уште не припаѓаше на „Facebook“), според зборовите на извршниот директор на оваа компанија, ја надмина бројката од 350 милиони активни корисници месечно, па така се најде пред „Twitter“.

Сега, по повеќе од неколку месеци, откако „Facebook“ го купи „WhatsApp“ за дури 19 милијарди долари, апликацијата веќе има повеќе од 700 милиони активни корисници месечно, кои разменуваат повеќе од 30 милијарди пораки дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП