17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКурода и објави војна на дефлацијата

Курода и објави војна на дефлацијата

kuroda1

Кандидатот на јапонската влада за гувернер на центалната банка (БОЈ) вети дека ќе стори се „што е возможно“, со цел да се справи со долгогодишната дефлација која го нагризува економскиот раст, критизирајќи ја претходната управа дека не сторила доволно работи за да го реши овој проблем.

Се очекува дека парламентот во текот на наредните денови ќе го именува Харухикоа Курода за јапонски гувернер. Во меѓувреме Курода најави оставка од местото претседател на Азиската развојна банка (АРБ).

Овој 68-годишник веќе подолго време ја критикува јапонската централна банка дека не прави доволно работи за да ја поттикне третата по големина економија во светот. Затоа, неговото именување, најверојатно, ќе доведе до нов циклус на зголемена потрошувачка и агресивно олабавување на монетарната политика.

„Сакам јасно да кажам дека ќе сториме се што е можно за да ја спречиме дефлацијата“, изјави Курода пред парламентарниот одбор, додавајќи дека неговите планови вклучуваат „драстично монетарно олабавување“.

Јапонија страда од дефлација од 1990 година. Тоа и штети на економијата, бидејќи падот на цената ги наведува потрошувачите да го одложуваат купувањето и да се надеваат дека покасно ќе платат уште помалку, а ја намалува и корпоративната добивка, наведувајќи ги компаниите да ги намалуваат работните места и да ги одложуваат капиталните инвестиции кои генерираат раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП