29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата започна со исплата на парична помош за семејствата од поплавените подрачја

Владата започна со исплата на парична помош за семејствата од поплавените подрачја

Poplava-vo-Strumica

Владата почна да ја исплаќа првичната парична помош за семејствата од поплавените подрачја. Од утрово парите се префрлени на трансакциската сметка на најстариот член во семејството.

Ова го соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денес, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата одлучи да им помогне на 650 семејства од поплавените подрачја со доделување првична парична помош од по 15.500 денари.

Министерот Ставрески истакна дека во моментов се утврдуваат штетите од поплавите и дека покрај оваа парична помош ќе им се помогне на семејствата и со покуќнина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП