25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцускиот министер за буџет имал сметки во Швајцарија?

Францускиот министер за буџет имал сметки во Швајцарија?

JÉRÔME CAHUZAC DÉMENT CATÉGORIQUEMENT LES ACCUSATIONS DE MEDIAPART

Француското обвинителство ќе отвори прелиминарна истрага околу наводите дека министерот за буџет Жером Кахузац имал тајни сметки во Швајцарија, објави канцеларијата на париското обвинителство.

Кахузац, кој ги предводи владините напори за искоренување на избегнувањето на плаќање данок, силно го негира извештајот на францускиот интернет портал Медиапарт во кој се вели дека на почетокот на 2010 година имал непријавена сметка во швајцарската банка УБС.

Од канцеларијата на обвинителството рекоа дека немаат друг избор освен веднаш да отворат истрага со оглед на осетливоста на наводите и времето потребно за да се истражат.

„Париското обвинителство поради тоа одлучи да отвори прелиминарна истрага за даночна измама“, велат од канцеларијата во извештајот.

Кахузац изјави дека го поздравува отварањето на прелиминарната истрага и рече дека таа ќе ја покаже неговата невиност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП