Јапонската филијала на американски „Мекдоналдс“ е соочена со нови проблеми, откако еден од потрошувачите пронашол парче пластика во пилешките медалјони.
Предметот е пронајден во еден од рестораните на „Мекдоналдс“ во јапонскиот град Мисава.
Медалјоните во кои тој предмет е пронајден, потекнуваат од една тајландска компанија која „Мекдоналдс“ ја одбра по скандалот со кинескиот подбавувач.
„Како резултат на тоа, „Мекдоналдс“ минатиот викенд престана со продажбата на пилешките медалјони, додека контаминираните медалјони во овој момент се пренесуваат во седиштето на јапонскиот „Мекдоналдс“ во Токио за натамошна истрага“, вели еден од портпаролите на овој ланец за брза храна во Јапонија.