9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAcer претстави нов евтин 4G-смартфон

Acer претстави нов евтин 4G-смартфон

acer smart

Тајванскиот производител на електроника „Acer“, претстави нов евтин 4G-паметен телефон непосредно пред почетокот на саемот за електроника во Лас Вегас.

Моделот со името „Liquid Z410“ ќе располага со 64-битен процесор „MediaTek MT6732“, како и со 4.5-инчен екран со резолуција од 540 × 960 пиксели. Смартфонот ќе е со 5 мегапикселна задна и 2 мегапикселна предна камера.

Според производителот неговата батерија ќе трае пет и пол часа разговор, како и 400 часа во режим на подготвеност. Сепак не се споменуваат нејзините физички параметри.

acer smart1

Софтверот ќе е „Android“, а уредот ќе располага со популарните софтверски карактеристики на смартфоните на „Acer„ – „Acer QuickTouch“ и „AcerRAPID Key“.

Цената на уредот ќе биде една од најдобрите референтни точки за неговото купувањето – 129 евра, а првично ќе е достапен во Европа, Блискиот Исток и Африка кон крајот на следниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП