27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродадени најскапите станови во светот

Продадени најскапите станови во светот

kendi1

Лондонските медиуми ги објавија имињата на сопствениците на станови во луксузната зграда „Најтсбриџ“, која важи за најскап станбен објект во светот.

Меѓу сопствениците на становите се наоѓаат и украинските тајкуни, арапските шеици, казахстанските пеачи, но и луѓето од светот на шоу-бизнисот.

Становите во оваа ексклузивна станбена зграда, која ја изградија Кристијан и Ник Кенди, можат да си ги дозволат само најбогатите во светот, а празни станови повеќе нема, пренесува порталот Меил Онлајн.

Меѓу богатите сопственици на станови во овој облакодер е премиерот на Катар, шеикот Хамад Ал Тани. Тој поседува стан кој се протега на три ката од зградата, и вреди 12 милиони фунти.

Во зградата која има прозори отпорни на бомби, уред за скенирање на зеницата од окото при влезот во лифт, како и базен од 21 метар, стан поседува и најбогатиот човек на Украина Ринат Ахметов, казахстанската пејачка Анар Аиханова, како и Владислав Дороњин, дечкото на моделот Наоми Кембел.

Зградата поседува и прочистувач на воздухот во случај на напад со отровен гас, и специјална соба која може да се искористи во вонредни ситуации каде што животот на сопствениците е загрозен.

Останати станари во зградата се нигериската тајкунка Фолоруншо Алакија и рускиот фармацевтски пар Каритонин, чие богатство се проценува на 81,9 милиони фунти.

Најскапиот стан вреди 140 милиони фунти, тој има стакло од подот до таванот, паркинг, директен пристап до спа центарот и терен за сквош.

Оваа зграда за најбогатите луѓе поседува многубројни сауни, голф симулатори, кино, теретана, винарска визба, како и собна услуга која ја обезбедува соседниот хотел „Мандарин Ориентал“.

Многумина сопственици кои поседуваат станови во оваа зграда го кријат својот идентитет зад имињата на различни компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП