16 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНеверојатни кујнски трикови за губење на тежината

Неверојатни кујнски трикови за губење на тежината

jadenje finta

Кујната е една од најважните простории во домот. Ако сте на диета и влегувањето во кујна може да биде вистински предизвик, ви откриваме неколку трикови како да се изборите со тоа.

Стаклените садови со колачиња обвиткајте ги

„ Далеку од очи, далеку од срце“ е најточна изрека во овој случај. Неодамна истражувањата покажаа луѓето јадат двојно повеќе чоколадо од стаклен сад, отколку од оние во боја. Стаклените садови обвиткајте ги со хартија во боја.

Нека вашите садови бидат во црвена боја

Но само ако ги купите во црвена боја! Една студија од 2013-та година покажа дека учесниците јаделе помалку,  кога нивната храна била доставена на црвена чинија. Исто така, ако пијалокот го консумирате во повисоки и пошироки чаши наместо пониски, внесувате помалку калории.

Помало е послатко

Истото важи и за чиниите! Не само што треба да се во црвена боја, со помали чинии и вие помалку храна ќе консумирате. На тој начин ќе го измамите умот, ќе бидете сити и задоволни.

Прилагодување на собна температура

Истражувањата покажуваат дека ако ви е ладно јадете повеќе. А едноставно решение е? Загрејте ја кујната за неколку степени додека јадете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП