20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетот на САД ги намали цените на нафтата

Буџетот на САД ги намали цените на нафтата

nafta12

Цената на сировата нафта утрово се намали, по неуспехот на политичките лидери во Вашингтон да го спречат автоматското намалување на буџетските расходи.

Нафтата наменета за испорака во април, во електронскиот бизнис на Њујоркшката берза поевтини за 20 центи, на 90,44 долари за барел, пренесе агенцијата Франс Прес.

Европската марка „брент“ која се користи за одредување на цената на различни видови странска нафта, ослабе за 17 центи, на 110,23 долари за барел.

Автоматското намалување на буџетските трошоци за околу 85 милијарди долари стапи на сила во петокот, бидејќи американскиот претседател Барак Обама и Конгресот не успеаа да постигнат договор. Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвиде дека ваквото намалување може да го намали економскиот раст на Америка за 0,5 процентни поени во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП