4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКорисниците на Samsung уредите се позадоволни од оние на iPhone

Корисниците на Samsung уредите се позадоволни од оние на iPhone

sams3333

Иако во Америка на секој смартфон на „Samsung“ се продаваат три примероци на „iPhone“, судејќи според најновите податоци на Индексот на задоволство на американските потрошувачи, корисниците на „Samsung“ се позадоволни од своите уреди од корисниците на конкурентскиот паметен телефон кој го произведува „Apple“.

Како што пишува „Business Insider“, „Samsung“ во анкетата за 2014-та година добил 81 бод, додека „Apple“ забележа 79 бода, па така за разлика од 2013-та, компанијата од Купертино се најде на второто место.

Според пишувањето на порталот „Endgadet“, причините за „победата“ на „Samsung“ треба да се бараа во најновите смартфони на „Apple“, моделите „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“, кои според информациите на некои од корисниците дека им се искривиле во џебовите.

Причината за свиткувањето лежи во фактот дека новите модели се потенки од претходната генерација, а поради алуминиумското куќиште, телефонот под притисок се витка, доколку се чува во џеб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП