26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНенаплатливите кредити ги туркаат црногорските банки во минус

Ненаплатливите кредити ги туркаат црногорските банки во минус

podgorica1

Банките во Црна Гора во четвртиот квартал од минатата година забележаа загуба од 56,5 милиони евра.

Растот на ненаплатливите кредити и понатаму претставува главен фактор за лошиот резултат на работењето на банките.

Врз основа на кварталните податоци, кои се однесуваат на крајот на 2012 година, финансиските резултати на системско ниво беа негативни и изнесуваа 56,5 милиони евра.

Од 11 банки во составот, осум работеле со профит, додека останатите три забележале загуба на крајот од претходната година.

Вкупната загуба на трите банки изнесувала 68,9 милиони евра (НЛБ) Црна Гора, Црногорската комерцијална банка (ЦКБ) и First Financial (ФФБ), додека банките кои позитивно работеле оствариле профит од 12,4 милиони евра.

Експертите објаснуваат дека банките негативно работеле, бидејќи тие имале ограничен пристап до странските извори на финансирање.

„Ограничената понуда и повисоката цена за позајмување на пари на странските пазари, доведе до тоа, банките алтернативата да ја бараат во домашните извори на финансирање, пред се, преку форма на депозити како најскап вид на финансирање“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП