4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСупер-јахтата Cacos V (фото)

Супер-јахтата Cacos V (фото)

vao1

Бродоградилиштето „Admiral Tecnomar“ ни ја претставува својата нова супер-јахта од 40 метри наречена „Cacos V“…

Оваа јахта своето деби го имаше на саемот за јахти во Монако и претставена е како најтивка јахта од овој вид, која некогаш е направена. Има три палуби и многу силен изглед, со елегантна силуета и интересна палета на златни нијанси.

Многу е моќна и кога зборуваме за брзината, може да крстари со брзина од 18 чворови, а лесно забрзува и до 21. Дури и тогаш, кога ќе ја достигне својата максимална брзина, нивото на бучава и вибрации се многу пониски во однос на другите јахти од овој вид.

Многу работа и труд е вложено во ентериерот на оваа луксузна јахта. Гостите можат да уживаат во најголемиот комфор досега. Главниот салон има темна палета на бои која се состои од темно сиви и богати црни бои за подовите и плакарите и контрастни бели елементи и предмети од нерѓосувачки челик, како и златни и сребрени нијанси на ѕидовите, мебелот и декорот.

Во делот за релаксирање се наоѓа пространа софа во облик на L буквата, сет од четири столици и дури две класично обликувани Луј 16-ти фотељи. Овој брод има совршени опции за сместување на своите патници, во вид на луксузни и добро опремени апартмани.

Дизајнерите и инженерите на „Admiral Tecnomar“ со овој прекрасен проект се надминаа себеси и креираа неверојатна супер-јахта, која веќе воодушеви многу луѓе…

vao2

vao3

vao4

vao5

vao6

vao7

vao8

vao9

vao10

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП