3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот хотел Djibouti Palace Kempinski (фото)

Луксузниот хотел Djibouti Palace Kempinski (фото)

kem1

Како дел од престижниот ланец хотели „Kempinski“, односно најстарата хотелска групација на светот, „Djibouti Palace Kempinski“ хотелот е навистина нешто посебно…

Ова е еден од најдобрите африкански хотели, вистинска оаза на луксузот во која ќе се чувствувате како султан. Ова одморалиште е сместено во срцето на градот Џибути, на источниот брег на Африка, каде се спојуваат Црвеното море и Индискиот океан. Покрај погодностите со пет ѕвезди, овој хотел нуди и прекрасни услуги за гостите кои сакаат да се впуштат во нуркачката авантура во кристално чистите води на Црвеното море.

Што се однесува до сместувањето, овој хотел нуди повеќе соби и апартмани кои се дизајнирани како мешавина на традиционалниот африкански стил и современиот луксуз. Доколку сакате да престојувате во овој хотел, во понудата има голем избор на богато декорирани апартмани, со сјаен поглед на океанот и градината и исклучителни погодности.

Од овој хотел, гостите можат да се впуштат во истражување на сликовитиот град Џибути, кој има шармантна колонијална архитектура и сјајни плажи.

kem2

kem3

kem4

kem5

kem6

kem7

kem8

kem9

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП