17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром презема целосна контрола над „Јужен тек“

Газпром презема целосна контрола над „Јужен тек“

Russia Ukraine

Рускиот нафтен гигант „Газпром“ презема целосна контрола врз компанијата од напуштениот проект „Јужен тек“, купувајќи ги акциите кои им припаѓаат на францускиот EDF, италијанскиот Eni и германскиот Wintershall.

„Газпром склучи договор со Eni, Wintershall и EDF, кој вклучува стекнување на нивните 50 проценти од акциите во фирмата South Stream Transport“, се наведува во соопштението од Газпром, кој всушност веќе ги поседува останатите 50 проценти од акциите на компанијата.

EDF и Wintershall, единици на BASF, потврдиле дека му ги продале на Газпром своите акции, односно по 15 проценти поединечно. BASF наведе дека откупната цена е надокнада за парите инвестирани во компанијата, иако компаниите се договориле дека нема да го објават износот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП