ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од пет милиони невработени во Шпанија

Повеќе од пет милиони невработени во Шпанија

nevrabotenostspanija

Бројот на невработени во Шпанија во февруари надмина пет милиони лица, поради забавувањето на четвртата по големина економија во еврозоната и воведувањето мерки за штедење, соопшти шпанското Министерство за труд.

Во февруари, бројот на невработени на месечно ниво е зголемен за 59.444 или 1,9 проценти, на 5,04 милиони, се наведува во соопштението на Министерството.

Вкупниот број на невработени во четвртиот квартал на 2012 година изнесува 26,02 проценти, што е највисоко ниво од 1975 година.

Шпанија се соочува со двојна рецесија, бидејќи се уште не е целосно заздравена од падот на пазарот на недвижности во 2008 година.

Конзервативната влада на премиерот Маријан Рахој, спроведе остро намалување на потрошувачката и зголемување на даноците со цел да оствари заштеда од 150 милијарди евра во периодот меѓу 2012 и 2014 година.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП