27 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКина го блокираше и Gmail

Кина го блокираше и Gmail

gugle kina 2

Кинеските власти ги блокираа поштенски услуги на „Google“ – „Gmail“.

Според информациите кои ги соопшти „Reuters“, повикувајќи се на организацијата за човекови права „GreatFire.org“, нејзин претставик објасни: „Мислам дека владата само продолжува со обидите да го избрише присуството на „Google“ во Кина“.

Оваа мерка на властите ги принудува корисниците да бараат други поштенски услуги. Таа е дел од постојаните обиди на власта да воведе цензура на интернет, а од јуни „Google“ стана цел на тоа. Статистиката покажува значително намалување на сообраќајот на пребарувачот и сајтот за споделување на видеа, „YouTube“.

Претходно Кина го блокираше пристапот до социјалната мрежа „Instagram“. Покрај тоа, Владата воведе забрана за користење на „Windows 8“ во државните институции.

Азиската земја го има најсложениот механизам за цензура на интернет. Тој е познат како „Кинескиот ѕид“. Според многу критичари власта „сече“ и го ограничува пристапот до многу онлајн услуги за да може да создаде свој интернет.

Блокадата на „Google“ почна малку пред 25-тата годишина на протестите на плоштадот Тјенанмен на 4-ти јуни 1989-та година. Тогаш Кинеската комунистичка партија испрати 200.000 војници со тенкови да ги изгаснат мирните продемократски протести на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, предизвикувајќи стотици, ако не и илјадници смртни случаи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП