7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомерцијална Банка е прва компанија со обука на вработените за сексуално и...

Комерцијална Банка е прва компанија со обука на вработените за сексуално и репродуктивно здравје

kbc

Во рамки насоработката меѓу Комерцијална банка АД Скопје и стручниот тим на Х.Е.Р.А. – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, беше одржана еднодневна обука за вработени  во  Комерцијална банка АД Скопје на теми од областа на превенцијата на сексуалното и репродуктивното здравје.

Триесетина вработени имаа можност да ги подобрат знаењата за семејното планирање,  за заштита од семејно насилство, за заштита од ХИВ и воопшто за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје.

Со ова, Комерцијална банка АД Скопје стана прва, во рамки на приватниот сектор во Македонија,  како социјално одговорна компанија којашто  ја препознава потребата за обука на вработените на актуелни теми од областа на сексуалното и репродуктивното здравје.

Обуките на работното место за теми кои се поврзани со здравјето и социјалните аспекти на животот на вработените се редовна пракса на компаниите и на синдикалните организации во земјите членки на Европската Унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП