27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКоктел Винстон од 12.500 долари

Коктел Винстон од 12.500 долари

kokt1

Коктелот направен од коњакот „Croizet 1858“ го постигна рекордот за најскап коктел во светот…

Во луксузниот бар „Crown Club“ во Мелбурн, каде што е запишана огромна историја и каде што елитата се повлекува за да помине гламурозна ноќ, наградуваниот австралиски шанкер Џоел Хефернан направи коктел кој чини неверојатни 12,500 американски долари и го постави новиот светски рекорд за најскап коктел. Тој го надмина досегашниот најскап коктел „Salvatore’s Legacy“ кој чинеше 8,830 американски долари.

Новиот најскап коктел во светот во себе содржи коњак „1858 Croizet“, пијалок кој самиот го држи светскиот рекорд за најскап пијалок, неговата цена изнесува 157,000 долари.

Шишето „1858 Croizet“ го купи клубот „Crown Club“, чиј познат бармен потроши два дена од своето време за да го подготви овој егзотичен коктел кој вклучува група од најскапи пијалоци „Croizet“, „Grand Mariner Quintessence“, „CHartreuse Vieillissеment Exceptionnellement Prolonge“ и „Angosturа Bitters“

Коктелот беше презентиран со чоколадо, мускатно оревче, афион и рози, заедно со кокос и портокали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП