26 јуни, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПразнична честитка од 10.000 долари (фото)

Празнична честитка од 10.000 долари (фото)

chr1

Компанијата која се занимава со производство на луксузни честитики, „Gilded Age Greetings“ ни ја претстави најскапата божиќна честитка по цена од 10.000 долари…

Она што оваа честитка ја прави толку посебна и скапоцена е фактот дека е направена од кожа која е од Германија, која е насликана со 23 каратно злато и декорирана со скапоцени рубини. Секоја честитка која е дело на оваа компанија претставува ремек дело на дизајнот и деталите, префинет и луксузен подарок кој зрачи со вкус и софистицираност.

Божиќните честитки, за кои се потребни повеќе од еден месец за изработка, се рачно направени со дизајни кои се насликани на кожа и пергамент. За да оваа честитка биде уште повеќе персонализирана, клиентите имаат опција да додадат свој потпис, кој ќе го нанесе професионален калиграф. Овие честитки доаѓаат во кожна кутија, која исто така е направена по желба на клиентот.

chr2

chr3

chr4

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП