24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ и Јапонија започнуваат разговор за слободна трговија

ЕУ и Јапонија започнуваат разговор за слободна трговија

shinzo1

Јапонија и Европската унија кон крајот на март ќе одржат самит чија цел ќе биде официјално покренување на преговори за постигнување договор за слободна размена, објавија во неделата јапонските медиуми.

Претседателите на Европската унија, Херман ван Ромпeј, и на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, на крајот на март ќе го посетат Токио каде што ќе се сретнат со јапонскиот премиер Шинзо Абе, пишува финасискиот весник Nikkei.

Во текот на таа средба би требало да биде постигнат конечен договор за покренување на долго најавуваните преговори на двете големи економски сили.

Европските и јапонските лидери, исто така, ќе одржат и одвоени преговори за политичкиот договор за соработка во безбедносната сфера, екологијата, науката и технологијата.

Европските министри за трговија минатата есен и препуштија на Европската комисија отворање на преговорите со Јапонија за договорот за слободна размена и предвидеа заштитна клаузула за чувствителните сектори, како на пример автомобилската индустрија.

Европските производители на автомобили се сомневаат во резултатите на таквиот договор и го наведуваат претходниот договор со Јужна Кореја, кој стапи на сила во летото 2011 година. Европското Здружение на производители на автомобили (ACEA), кое што долго се спротиставува на отворањето на преговорите со Јапонија, смета дека таквиот договор би бил „еднонасочен”.

Европската унија и Јапонија претставуваат повеќе од две третини од производството во автомобилската индустрија. Преговорите би можеле да траат со години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП