7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовиот шеф на маркетинг на Фолксваген е Роби Вилијамс (фото+видео)

Новиот шеф на маркетинг на Фолксваген е Роби Вилијамс (фото+видео)

robi folks1

Германската компанија „Фолксваген“ соопшти дека го назначиле за раководител на маркетингот познатиот британски музичар и пејач Роби Вилијамс. Во соопштението се наведува дека тој ќе е клучна фигура во рекламната кампања на новата моделска серија „Сlub & Lounge“.

Предвидено е девет нови модели да влезат во оваа серија, меѓу нив „Tiguan“, „Beetle“ и „Golf“.

Според извори од „Фолксваген“ заедничката работа со пејачот веќе дава позитивни резултати – биле регистрирани околу 20 креативни идеи за рекламирање на „Club & Lounge“.

Pressekonferenz mit Robbie Williams Volkswagen startet Kampagne Club  Lounge Sondermodelle

Роби Вилијамс е еден од најпродаваните современи музичари во Велика Британија и Европа. Досега се реализирани 77 милиони копии на неговите албуми.

Со негова помош и со предвидените 85.6 милијарди евра, германската компанија се надева дека ќе ги стигне јапонците од „Тојота“, кои се на прво место по производство и продажба на автомобили во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП