20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоддршка од 13,37 милиони евра за малите и средни претпријатија

Поддршка од 13,37 милиони евра за малите и средни претпријатија

valjon2

Министерот за економија Ваљон Сараќини ја промовираше новата Програма за мали и средни претпријатија за 2013 година, во која се инкорпорирани три потпрограми, и тоа за конкурентност, за иновации и за претприемништво.

Владата на Република Македонија преку Министерството за економија, годинава со 13,37 милиони денари ќе ги поддржува малите и средните претпријатија. Преку Програмата за поддршка на малите и средните претпријатија ќе се зајакнува нивната конкурентност, претприемништво и иновациите, а за тоа се предвидени 50 проценти повеќе средства од минатата година.

Со оваа програма треба да се даде директна поддршка на компаниите за вкупно 15 мерки. Дел од мерките во оваа програма се однесуваат за финансиска поддршка на бизнис инкубаторите, бизнис центрите, занаетчиството и за воведување на ХАСАП системот.

-Прв пат се предвидува со 500.000 денари да се поддржат компаниите кои планираат да воведат ХАЛАЛ систем, а средствата ќе бидат наменети за да се обезбеди техничка помош и консултантски услуги, рече министерот за екомонија Ваљон Сараќини на вчерашната прес-конференција, додавајќи дека доколку се оцени дека има поголем интерес за имплементација на ХАЛАЛ системот, може да се направи пренамена на средствата од некоја друга група, бидејќи само седум компании досега го имаат воведено овој систем во Македонија.

Условите и критериумите за добивање на дел од овие средства ќе бидат објавени идната недела. Во земјава дури 99 проценти од фирмите се регистрирани како мали или средни, тие придонесуваат со повеќе од 40 проценти од вкупниот приход на сите фирми во Македонија и во нив работат 63 проценти од вкупниот број на вработени во земјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП