6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei Ascend GX1 - фаблет со тенки рабови

Huawei Ascend GX1 – фаблет со тенки рабови

huw tab

„Huawei“ службено го претстави својот нов фаблет од средна класа, „Ascend GX1“. Уредот се издвојува со своите речиси непостоечки рабови околу 6-инчниот „IPS“ екран со 720p резолуција. Во однос на куќиштето, екранот сочинува 80.5% од предната страна на уредот.

Од другите спецификации, тука е 64-битниот процесор „Snapdragon 410 SoC“ со четири јадра на такт од 1.2 GHz, 1 GB работна меморија, 8 GB простор за чување на податоци (можност за проширување со „microSD“ картички), задна 8-мегапикселна камера со „LED“ блиц и предна камера со 2-мегапиксели.

Што се однесува до поврзаноста, достапна е поддршка за „4G LTE“, „NFC“, „Bluetooth 4.0“, „Wi-Fi“ и „GPS/A-GPS“.

Исто така, тука е поддршката за две „SIM“ картички, како и батерија со капацитет од 3500 mAh. Оперативниот систем е „Android 4.4. KitKat“ во комбинација со интервејсот на „Huawei“ – „Emotion UI“.

Цената на фаблетот на кинескиот пазар е 255 долари, a засега нема информации дали овој уред ќе се продава и надвор од Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП