„Olde Caulfeild’s Crown Jewel“ имотот на плажа, е ставен на продажба по цена од 13,8 милиони долари…
Ова е идеален имот без соседи кои би ја нарушувале вашата приватност. Дизајниран е од страна на Алекс Чапман, а за изградбата се користени услугите на „Fremar Construction“ компанијата. Оваа вила претставува совршена заедница на безвременска естетика и модерен дизајн. Има околу 700 квадратни метри простор со три спални соби и три бањи.
Префинетоста на ентериерот кој ви ги нуди сите можни погодности ќе направи да се чувствувате величествено.
Тука е и базенот во близина на плажата како и спа центарот кои ќе ви овозможат максимално уживање.
Овој имот од светска класа не се спојува со остатокот од овој историски предел на Ванкувер, туку го разубавува и подобрува на многу начини.