26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеските банки заработиле 200 милијарди долари

Кинеските банки заработиле 200 милијарди долари

kina4

Нето добивката на кинеските банки во 2012 година е зголемена за 18,9 проценти, во однос на претходната година, на 1,24 милијарди јуани (199 милијарди долари).

Активата на банките на Народна Република Кина се зголеми за 17,9 проценти, на 133,6 милијарди јуани (21,4 милијарди долари), беше објавено на веб-сајтот на Кинескиот комитет за контрола и управување на банкарскиот сектор.

За споредба, обемот на активата на десетте најголеми американски банки, според податоците од септември минатата година, беше повеќе од седум милијарди долари.

Износот на проблематичните кредити на сметките на кинеските финансиски организации на крајот на годината изнесуваше 493 милијарди јуани, што претставува зголемување од 15 проценти. Уделот на нефункционалните кредити е намален за 0,01 проценти и изнесува 0,95 проценти од вкупниот обем на кредити.

Според Блумберг, обемот на проблематичните кредити во кинеските банки се зголемува петти квартал по ред  и тоа е најголемиот раст на овие кредити од 2004 година, кога беа објавени првите релевантни податоци.

На крајот на јануари, американската агенција Блумберг ги утврди долговите на реалниот сектор во Кина. Задолженоста на 3,895 нефинансиски компании, со чии акции се тргува на берзата, во последните пет години се зголеми од 604 милијарди, на 1,700 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП