25 април, 2024
ПочетнаБЕРЗАБерза-неделен преглед

Берза-неделен преглед

НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД

(25.02 – 01.03.2013)

 

Последната недела од месецот февруари како по обичај мина во море од објавени финансики извештаи за 2012 година, кои котираните компании имаа обврска да ги објават на Македонската берза. Покрај нив, главен настан изминатата недела беше и објавувањето на јавната понуда за преземање на Кјуби Македонија. После неколку месечно исчекување, понудата беше објавена во рамките на очекуваните 2.000 денари по акција, така што на берзата и не дојде до некое поголемо поместување на цената – максималната постигната цена за акцијата на Кјуби изминатата недела беше 1.870,00 денари по акција.

И покрај овие објави, прометот на берзата изминатата недела остана речиси идентичен со неделата претходно, достигна 54,9 милиони денари од кои 92% отпаднаа на тргување со акции, а 8% на тргување со државни обврзници. 63% од прометот се реализираше на официјалниот пазар, а 37% на редовниот. Кон статистичките податоци за реализираниот промет, треба да ги додадеме и трите блок трансакции кои се реализираа со акциите на Европа Скопје (во вредност од 27,3 милиони денари), Жито Караорман Кичево (во вредност од 12 милиони денари) и Туртел Штип (во вредност од 3 милиони денари). Индексите неделата ја завршија во плус, МБИ-10 имаше пораст од +0,46%, додека МБИД порасна за +1,85%.

На официјалниот пазар, повторно според реализираниот промет доминираа акциите на Комерцијална банка Скопје со промет од 13 милиони денари и Алкалоид Скопје со 10,5 милиони денари. На редовниот пазар воочливи беа неколкуте трансакции со акциите на Карпош Скопје во кои се истргуваа 19,26% од главнината на друштвото.

На регионалните берзи, воочливо беше опоравувањето на љубљанската и загребската берза по минатонедениот пад, па така SBI10 неделата ја заврши со експлозивен раст од +4,35%, а Crobex забележа пад од +2,34%, Белградскиот Belex имаше пораст од +1,36%, додека софискиот Sofix имаше пад од -1,25%.

Индексите во САД повторно неделата ја завршија со силен пораст, благодарејќи пред се на изјавите на Бен Бернанке дека политиката за влевање на дополнителна ликвидност во економијата на САД не е сеуште завршена, но и како резултат на податоците за порастот на продажбата на станови во изминатиот месец. Индексот S&P 500 неделата ја заврши со пораст, оваа од +2,04%, DOW JONES имаше пораст од +2,22%, додека NASDAQ имаше пораст од +1,72%. И покрај добриото ехо што продре од пазарите во САД, европските берзи се движеа во различни правци, водени од реаултатите на изборите во Италија и од забавувањето на растот на кинеската економија. DAX ја заврши неделата со пад од -0,84%, FTSE 100 ја затвори неделата со раст од +0,37%, додека францускиот CAC 40 имаше пад од -0,58%. На азиските берзи, индексот NIKKEI 225 имаше пад од -0,49%, додека HANG-SENG имаше пад од -1,24%.

Во продолжение следи краткиот преглед на објавените неревидирани финансиски резултати на друштвата за 2012 година во поглед на реализираните приходи и остварената добивка/загуба за тековната година.

 

во илјади

Податоци за 2012 (неревидирани фин. изв.)

Остварени приходи

Во однос на 2011

Остваренa нето добивка/загуба

Во однос на 2011

2012

2,012

ВВ Тиквеш АД Скопје

1,170,673

12%

167

1058%

Витаминка АД Прилеп

1,411,805

-6%

114,972

33%

Жито Вардар АД Велес

1,110,316

-29%

22,301

/

Жито Лукс АД Скопје

1,353,818

5%

44,978

/

ЗК Пелагонија АД Битола

1,158,312

-6%

124,061

-54%

РЖ Институт АД Скопје

336,790

-17%

11,810

-60%

РЖ Макстил АД Скопје

5,202,353

-24%

4,250

-31%

Макотекс АД Скопје

18,675

13%

5,636

/

Тетекс АД Тетово

281,698

-22%

3,099

-14%

Макпетрол АД Скопје

24,487,767

-1%

58,592

/

Топлификација АД Скопје

1,515,413

-24%

28,292

1613%

Бетон АД Скопје

3,076,830

21%

44,661

26%

Гранит АД Скопје

5,449,211

-11%

324,642

-15%

Макошпед АД Скопје

83,577

-33%

6,549

-55%

РЖ Интертрансшпед АД Скопје

90,252

-20%

11,391

/

РЖ Услуги АД Скопје

250,459

-14%

1,087

/

Скопски пазар АД Скопје

1,692,837

-2%

22,252

47%

Технометал Вардар АД Скопје

224,387

0%

333

-5%

Фершпед АД Скопје

3,741,966

-18%

101,897

-19%

Интернешнел хотелс АД Скопје

102,839

9%

12,506

202%

Македонијатурист АД Скопје

461,618

-1%

214,480

8%

Хотели Метропол АД Охрид

166,646

14%

32,967

/

Алкалоид АД Скопје

6,788,633

1%

583,730

-5%

Реплек АД Скопје

679,338

-5%

153,076

57%

Комерцијална банка АД Скопје

5,433,776

4%

562,091

-48%

Охридска банка АД Охрид

1,663,050

15%

127,966

264%

Стопанска банка АД Битола

426,203

-7%

146,558

/

ТТК Банка АД Скопје

587,267

3%

41,183

483%

Дуропак АД Скопје

513,869

-25%

28,885

/

ОХИС АД Скопје

211,351

-50%

225,873

/

Раде Кончар АД Скопје

10,072

-27%

3,592

-49%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП