Марк Цукерберг очигледно има причина да биде задоволен. Акциите на „Facebook“ во понеделникот на „Wall Street“ достигнаа рекордна цена од 81.45 долари, што претставува раст од скоро 2 проценти во однос на претходниот ден, покажуваат податоците на агенцијата „Bloomberg“.
Берзанскиот раст на „Facebook“ е во склад со моменталната позитивна атмосфера на „Wall Street“ каде акциите растат веќе четири дена поред, а клучниот индекс бележи нови рекордни вредности. „Dow Jones“ се зајакна во понеделникот за 0,87 проценти на 17.959 бодови, а „Standard&Poor’s 500“ за 0.38 отсто на 2.078 бодови. „Nasdaq Composite“ истовремено се искачи за 0.34 посто на 4.781 бодови.
„Facebook“ ја завршува тековната година со неколку големи бизнис успеси зад себе. Компанијата направи две клучни аквизиции (WhatsApp и Oculus VR), додека истовремено објави исклучителни финансиски резултати, како и значителен раст во страштекиот сегмент на мобилното работење.
Аналитичарите исто така веќе укажуваат на успехот на друштвената мрежа „Instagram“, која „Facebook“ ја превзема во 2012-та година за милијарда долари. Банкарската групација „Citigroup“ неодамна објави проценка според која „Instagram“ денеска вреди веќе 35 милијарди долари.
Акциите на компанијата на Цукерберг во целата 2014-та година зајакнаа за вкупно 49 проценти, а нејзината капитализација сега изнесува дури 227.8 милијарди долари! Потсетуваме, вредноста на „Facebook“ за прв пат ја надмина границата од 200 милијарди долари во септември оваа година.