6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG Fx0: Проѕирен телефон со Firefox OS

LG Fx0: Проѕирен телефон со Firefox OS

proziren telefon

Денеска во Јапонија дебитираше „Mozilа Firefox OS“ со претставувањето на моделот „LG Fx0“.

Oвој смартфон со необично име го произведе компанијата „LG“ и поседува многу интересно својство, тој е проѕирен. „Fx0“ ви овозможува да погледнте во неговата внатрешност, без да ја отстраните маската. Исто така поседува „home“ копче украсено со златната верзија на логото на „Firefox“.

„Fx0“ дефинитивно се разликува од претходните „Firefox OS“ телефони, на кои главна цел и е да бидат поевтини, додека кај „Fx0“ моделот главна карактеристика претставува дизајнот и затоа ова ќе биде најскапиот „Firefox OS“ телефон на пазарот со цена од 414 долари.

Покрај тоа што е проѕирен, „Fx0“ ги превзема изгледот од „LG G3“ моделот, само што тој е со помали димензии. Уредот поседува „IPS“ екран од 4.7-инчи, но засега не е позната резолуцијата на дисплејот.

proziren telefon1

„Fx0“ го има процесорот „Qualcomm Snapdragon 400“ со 1.2 GHz „quad-core“, заедно со 1.5 GB RAM меморија и 16 GB интрена меморија, која може дополнително да се прошири со „microSD“ картичка. Поседува задна камера од 8 MP со „LED“ блиц и предна камера од 2.1 MP. Смартфонот го користи „Firefox OS 2.0“, а неговите димензии се 139x70x10.5 mm, тежи 148 грама и има батерија од 2,370 mAh.

„Fx0“ ќе биде првиот „Firefox OS“ уред кој ќе има поддршка за „4G LTE“ и „NFC“. Oграничената продажба на овој уред ќе започне на 25-ти декември, а телефонот ќе биде достапен во Јапонија од 6-ти јануари.

Моментално не е познато дали овој телефон ќе биде достапен во други држави освен Јапонија, но ваквите екслузивитети ретко пристигнуваат и на други пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП