24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија рекордер во купување злато

Русија рекордер во купување злато

russia-gold

Според податоците на ММФ, Централната банка на Русија во последните десет години купила 570 тони злато, со што оваа земја се наоѓа на првото место меѓу најголемите купувачи во светот на овој благороден метал.

Тоа е за една четвртина повеќе од инвестицијата на Кина во купувањето на злато.

До почетокот на светската економска криза, банките по правило продаваа злато, и тоа околу 400-500 тони годишно.

Па така Швајцарија продаде 877 тони злато, Франција 589 тони, Шпанија, Холандија и Португалија по 200 тони злато.

Сега централните банки се претворија во купувачи, па така годишно купуваат околу 450 тони злато. Русија и покрај рекордните купувања, е осма по златните резерви. Прва е САД со 8.134 тони, додека на второто место е Германија со 3.391 тони.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП