Оваа куќа во ексклузивниот лондонски дел Мајфер, се најде на пазарот и тоа по цена од 3 милиони долари, а специфично за неа е тоа што таа поседува само една спална соба…
Со самото тоа, таа стана најскапата куќа со една спална соба или еднособна куќа во Велика Британија. Цената за оваа мала куќа, со површина од околу 100 квадратни метри, е десет пати поголема во однос на просечната цена на домовите во Англија и Велс. Целата триспратна куќа во Лондон има работна соба на приземјето, кујна, дневна соба со балкон на првиот спрат и спална соба со бања на највиокото ниво.
Менаџерот за продажба на компанијата „Pastor Real Estate“, Сузан Коен изјави дека ова е уникатна прилика за купување на најмалката куќа во Мајфер. Имотот инаку се наоѓа во шармантната и мирна улица со калдрма во срцето на Мајфер, што е идеално за оние кои бараат малку ексцентрично место за живот.