24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрило: Италија ќе ја врати лирата

Грило: Италија ќе ја врати лирата

Italy Protest Vote

Поради економската криза, Италија може да го напушти еврото и да и се врати на лирата, изјави Пепе Грило.

Во интервјуто за германскиот магазин Фокус, Грило изјави дека мора да бидат отворени нови преговори во врска со италијанскиот долг од две илјади милијарди евра, долг кој според големината е втор во Европа, веднаш зад Грција.

„Ние сме ужаснати, но не од еврото, туку од нашиот долг. Кога каматите ќе достигнат ниво од 100 милијарди годишно, ние сме готови“, рече Грило.

Според неговата проценка, италијанскиот политички систем има само шест месеци пред да го доживее колапсот. Тогаш државата нема да биде во состојба да ги исплаќа пензиите и платите во јавниот сектор.

Ако не се променат условите кои Италија ги има во врска со долгот, Грило верува дека единствена опција за неговата земја е да го напушти еврото и да и се врати на сопствената национална валута.

„Ако условите за отплата на долгот останат непроменети, Италија ќе го напушти еврото и ќе и се врати на лирата“, изјави Грило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП