3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДелегација од Р.Турција во посета на клиничката болница „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ...

Делегација од Р.Турција во посета на клиничката болница „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“

bobo

Висока турска делегација, предводена од сопругата на претседателот на Владата на Р.Турција, г-ѓа Саре Давутоглу, ја посети Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Десет члената делегација од Р. Турција, преку обиколка на болницата, имаше можност да се запознае со работата, условите и можностите на одделите и центрите во „Аџибадем Систина“.

Г-ѓа Давутоглу, со менаџментот на болницата го сподели своето задоволство, од целата посета и од функционирањето на Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Таа додаде дека партнерството со Здравствената групација Аџибадем е пример за две пријателски земји, кои имаат одлична соработка во секоја сфера на општественото живеење, вклучувајќи и здравството. Ја поздрави инвестицијата на „Аџибадем“ во Македонија и се заложи за проширување на оваа соработка.

Во текот на посетата на болницата г-ѓа Давутоглу го поздрави и пациентите на кои им посака побрзо оздравување. Оствари средба и со врвниот тим на специјалисти. Високата гостинка од Р. Турција посебен интерес покажа за одделот за гинекологија и ИВФ.

Со докторите од одделот за ИВФ го сподели своето воодушевување од бројот и успехот на ИВФ циклуси кои досега се направени. Според неа ова е импресивна бројка и доказа за успешна работа. Г-ѓа Давутоглу додаде дека како жена и гинеколог кој се залага за спонтаните породувања наспроти породувањата со царски рез, ги подржува докторите од „Аџибадем Систина“ во нивната заложба, секогаш кога е возможно да се одбере спонтаното породување.

bobo

Во текот на посетата г-ѓа Давутоглу разговараше и со докторите од центарот за онкологија и радиотерапија, и ја даде својата поддршка во заложбите  на специјалистите и на целиот менаџмент на болницата, да продолжат да го овозможат  најдоброто лекување за пациентите со карцином. Со нив го сподели и своето воодушевување од технологијата која ја поседува болницата на одделот за онкологија и радиотерапија.

За време на посетата г-ѓа Давутоглу  беше придружувана со д-р Јана Марин, член на одборот на директори во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и менаџментот на болницата, кои ја споделија приказната и развојот на „Аџибадем Систина“, која прерасна во здравствен лидер во регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП