19 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНовата луксузна Moonraker јахта (фото)

Новата луксузна Moonraker јахта (фото)

jahi1

Италијанското бродоградилиште „Overmarine“ неодамна ја заврши својата нова „Mangusta 165E Moonraker“ јахта, која е долга 49,9 метри…

Ентериерот на овој брод е дело на светски признатиот дизајнер Стефан Риџинија, кој успеа да креира елегантен и префинет простор, со 250 текстури и фини материјали како скапоцени камења, дрво и кожа, а тука се дури и Aston Martin кожните столици. Сјајно место за поминување на времето на оваа јахта е главниот салон, со својата неутрална, смирувачка палета на бои, во кој се наоѓа сјаен бар со доволно место за пет лица.

Сместувањето во оваа јахта се состои од четири богато декорирани кабини, еден мастер апартман, една вип кабина и две двојни. Тие се сместени на долната палуба и максимално осум гости можат да уживаат во нив, со комплетен комфор и луксуз.

Екстериерот на овој брод им дава на патниците сосема доволно простор за уживање и опуштање. Уше една сјајна можност е тоа што јахтата „Moonraker“ изобилува со играчки за на вода –  џет тендер со 285 коњски сили, водени скии, опрема за нуркање, скутери за на вода…

Новата „Moonraker“ суперјахта ќе биде на Бахамите во текот на зимската сезона, каде ќе биде достапна и за изнајмување.

jahi2

jahi3

jahi4

jahi5

jahi6

jahi7

jahi8

jahi9

jahi10

jahi11

jahi12

jahi13

jahi14

jahi15

jahi16

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП