3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЛеново развива револуционерна батерија што трае 46 дена

Леново развива револуционерна батерија што трае 46 дена

loip

Леново забрзано работи на решение на проблемот со времетрањето на батеријата, а новиот смартфон од компанијата ќе може да понуди батерија со времетраење до 46 дена со едно полнење.

Компанијата работи на нов смартфон со кодно име П70т, наменет за бизнис корисници, а кој ќе има револуционерна батерија што трае до 46 дена без полнење.

Капацитетот на батеријата ќе биде 4000 мили Ампер часа, што е значително над просекот, пренесува Гизмо
Чајна.

Новиот смартфон од Леново ќе има и бројни карактеристики за штедење на енергија, како што е можноста за исклучување на апликациите секој пат кога ќе се заклучи екранот на уредот.

Смартфонот П70т се очекува да има екран од пет инчи, дисплеј од 720п и квард кор ЛТЕ процесор со 1 гигабајт РАМ меморија и 8 ГБ интерна меморија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП