17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung подготвува евтин смартфон за 100 долари

Samsung подготвува евтин смартфон за 100 долари

tizen samsung22

Најголемиот светски производител на паметни телефони – јужнокорејската компанија „Samsung Electronics“ подготвува евтин смартфон со оперативниот систем „Tizen“ за индискиот пазар.

Уредот, чија цена се очекува да е во опсег од околу 100 долари, цели на враќање на загубените позиции на повеќето растечки пазари на паметни телефони во светот. И иако „Samsung“ е се уште најголемиот продавач на паметни телефони во Индија, уделот на компанијата брзо се намалува, па сега изнесува 24% кон крајот на третиот квартал, наспроти 29% во третиот квартал од минатата година.

Главно загубата доаѓа на сметка на кинеските производители како „Xiaomi“, од каде си поставија за цел да се претворат во доминантна компанија на индискиот пазар.

Оперативниот систем „Tizen“ е развиен од страна на „Samsung“ и со него целат го намалување на поврзаноста со платформата „Android“ на „Google“. Тој исто така е наменет за најевтините паметни телефони произведени од компанијата, а помага за постигнување на пониски продажни цени на силноконкурентните пазари.

„„Samsung“ цели прво кон купувачите на уредот во Индија, со оглед на се уште значителниот број на функционални мобилни телефони на овој пазар“, коментира Том Канг, аналитичар во „Counterpoint Research“, цитиран од „CNBC“.

Ставањето на оперативниот систем на евтин смартфон од „Samsung“ е цел за избегнување на „спасување“ на продажбата на смартфоните од средна и висока класа, коментираат уште експертите.

Оперативната добивка на компанијата се намали за 60% на годишно ниво, главно поради зголемената конкуренција на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП