Ибица е дестинација позната по својот див ноќен живот, но доколку сакате, таа може да биде и вистински мирен рај…
Се што ви е потребно е вистинската вила. Нешто како, ултра луксузна, сокриена, приватна, величествена вила. Вилата која овој пат ви ја претставуваме се наоѓа на површина од 4,2 хектари и е на врвот на Атзаро планината, на сјајна точка од која можете да уживате во погледот кон морето и околината, како и спектакуларните изгреви и залези на сонцето.
Вилата има шест спални соби и седум бањи, односно вкупно 700 квадратни метри површина. Има луксузни погодности како музички систем кој се контролира со помош на елегантниот iPad, Cisco Wi-Fi, сауна и гаража со доволно место за четири автомобили.
Додека палмите, овоштарниците, природните езера и балиските храмови за медитација ја нагласуваат убавината на екстериерот на оваа вила, внатрешноста е украсена со уметнички дела и прекрасни топли парчиња мебел.
Покрај главната структура, во склад со овој имот се и трете едноставни вили, колибата за гости и куќата за вработените.