16 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПредупредување! Опасен вирус се шири на Facebook!

Предупредување! Опасен вирус се шири на Facebook!

virus pomos1

На „Facebook“ се појави нов вирус кој е распространет на оваа друштвена мрежа и се заканува да ги загрози сите профили.

Имено, прво ќе Ви се појави известување дека некој од вашите пријатели, со уште неколку „сајбер“ другари, Ве обележал на одреден линк, и кога ќе го отворите истиот, вирусот станува активен.

Значи, доколку Ви пристигне нешто слично од овој вид, не кликнувајте на линкот на кој сте обележани, затоа што станува збор за т.н. „порно вирус“.

Oвој вирус моментално е актуелен на „Facebook“ и од минута во минута расте бројот на корисници кои се „заразени“ со истиот, така да бидете внимателни!

Доколку сепак не можевте да и оддолеете на љубопитноста, и кликнавте на линкот, па сега го споделувате селектирајќи ги Вашите пријатели, еве што треба да направите.

Доколку користите „Chrome“ кликнете „ctrl+shift+delete“ и ќе ви се појави прозорче за бришење на историјата.

Кликнете ги полињата кои се селектирани на сликата и одете на „Clear browsing data“.

virus pomos

На тој начин ќе го избришете секој траг кој овој вирус го оставил во Вашиот компјутер.

Потоа, Ви останува да им се извините на пријателите и секако да го споделите овој линк, за и другите кои имаат идентичен проблем да го решат, а вирусот да не се шири.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП