2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународната „тројка“ во нова контролна мисија во Атина

Меѓународната „тројка“ во нова контролна мисија во Атина

greece-atina

Делегација на меѓународната „тројка“ кредитори на Грција допатува во Атина во мисија на рутинска проверка на финансиската состојба на земјата, во пресрет на исплатата на следната транша од помошта.

Претставниците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Европската унија и Европската централна банка (ЕЦБ), посетата на Атина ја започнаа денеска со средба со грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарис.

Мисија на „тројката“ е да направи проценка на состојбата во која се наоѓа грчката економија и на напредокот во спроведувањето на договорените реформи. Вниманието првенствено ќе биде насочено кон намалувањето на вработените во јавните служби, процесот на приватизација на државните претпријатија, борбата против затајувањето даноци и докапитализацијата на четирите најголеми банки во Грција.

Меѓународните кредитори бараат до крајот на годината да бидат отпуштени уште 25.000 државни службеници и вработени во јавниот сектор, со цел до 2015 година вкупниот број на намелени работни места да достигне 150.000. Досега, во последниве година и половина, бројот на вработените во државниот сектор во Грција е намелен за 75.000 лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП