
Сместена во малиот италијански град Варезе, на 30 км од Милано, вилата „Liberty“ престставува навистина шармантен имот…


Сместена во малиот италијански град Варезе, на 30 км од Милано, вилата „Liberty“ престставува навистина шармантен имот…
Изградена во текот на 1920-тите, оваа вила и понатака е во одлична состојба и поседува оригинални „Art Nouveau“ завршни детали како и материјали од високата класа како мермер и квалитетно дрво. Нуди околу 800 метри квадратни животен простор, поделен на приземје кое може да биде опремено како прекрасен салон, во близина на пространата дневна соба, трепезарија, работна соба, кујна и бања, првиот спрат е со четири големи спални соби и две бањи, вториот спрат со две спални соби, две мултифункционални соби и тераса. Исто така, оваа вила има и подрумска единица која има околу 400 квадратни метри, гаража и пространа приватна градина.
Благодарение на својата локација во мирниот дел на северна Италија и релативната близина со големите градови во регионот Ломбардија, вилата „Liberty“ е идеално место за живот, но и идеална за деловен простор или изложбен салон за професионалци. Достапна е за купување по цена од 2,2 милиони долари.










