4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНивото на невработеност - трагедија за Европа

Нивото на невработеност – трагедија за Европа

nevrabotenost-tragedija

Сегашното ниво на стапката на невработеност во еврозоната е недозволиво високо и претставува трагедија за Европа, изјави претставникот на Европската комисија, Џонатан Тод.

Според најновите податоци на Европската статистичка служба Евростат, стапката на невработеност во еврозоната достигнала 11,9 отсто.

Тод потсети на изјавата на еврокомеарот за вработување и социјална политика Ласло Андор, кој оцени дека таквото ниво на невработеност претставува „трагедија за Европа“ и ја покажува длабочината на кризата, псоебно во земјите на еврозоната.

Според Тод, ЕУ и нејзините-земји членки се должни да ги искористат сите расположливи средства за да создадат нови работни места и да обезбедат одржлив економски раст.

Тод нагласи дека посебно треба да им се помогне на младите во стекнувањето на подобри професионални квалификации, со што би се зголемиле нивните шанси за наоѓање работа.

За таа цел, според Тод, ЕУ ќе воведе систем наречен „гаранција за младите“ преку кој на младите луѓе ќе им се овозможи да го подбрат своето образование и потоа тоа стекнато знаење да го спроведат во пракса што е можно побрзо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП