29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелгија, Ирска и Холандија најглобализирани земји во светот

Белгија, Ирска и Холандија најглобализирани земји во светот

globalizacija

Белгија, Ирска и Холандија се најглобализирани земји во светот, а годинава меѓу првите десет држави на оваа листа првпат се најде и Швајцарија, соошти Центарот за пазарни истраживања (КОФ) со седиште во Цирих.

Класификацијата на најглобализирани земји КОГ ја прави врз основа на степенот на интегрираност на една земја во глобалната економија.

Како и во 2012, и оваа година нема промени на првите три места на листата, кои ги држат Белгија, Ирска и Холандија. На четвртото место на оваа класификација, со која се опфатени 187 земји, се наоѓа Австрија, а на петтото Сингапур.

Меѓу поголемите светски економии, Велика Британија е на 12-то место, Франција на 18-то, Германија на 22-то, Италија на  23-то, а САД на 34-тата позиција.

На последните три места на листата се наоѓаат Екваторијална Гвинеја, Кирибати и Источен Тимор.

Експертите на КОФ во извештајот за најновата класификација, оценуваат дека како последица на економската криза темпото на глобализаиција во последниве години е успорено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП