среда, 1 февруари 2023
ПочетнаКОМПАНИИ„Триглав“ сака да ги купи „Кроација Осигурување“ и српскиот ДДОР

„Триглав“ сака да ги купи „Кроација Осигурување“ и српскиот ДДОР

triglav-grupacija

Словенечката осигурителна компанија „Триглав“ најави дека е заинтересирана за купување на хрватската „Кроација Осигурување“ и српската осигурителна куќа ДДОР од Нови Сад.

Според директорот на „Триглав“, Матјаж Раковец купувањето на двете осигурителни компании од Хрватска и Србија, би ја чинело словенечката групација околу 400 милиони евра.

– На тој начин уделот на „Триглав“ на  пазарот за осигурување во регионот ќе се зголеми за 35 отсто, изјави Раковец за словенечкиот бизнис весник „Finance“.

Раковец оцени дека реализацијата на овие трансакции е условена од плановите на Владата во Љубљана за приватизација на „Триглав“, кој е во сопственост на државата. Според овие планови, државата би задржала една четвртина од акциите на „Триглав“, а останатите три четвртини би му биле продадени на инвеститор.

Според Раковец, „Триглав“ има договор со Меѓународниот финансиски центар (ИФЦ), со која се предвидува словенечката компанија да стане осигурителен центар на Југоисточна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП