КОМПАНИИ

Осигурителните компании оваа година поради штети ќе исплатат 113 милијарди долари

nevreme 35

Загуби од 113 милијарди долари нанеле природните катастрофи и пресвртите во глобалната економија во 2014-та година, покажуваат податоците на швајцарската осигурителна компанија „Swiss Re“, цитирани од агенциите.

Вредноста на штетата во оваа година е за 16% пониска отколку во 2013-та година, кога нанесените загуби беа во вредност од околу 135 милијарди долари. Бројот на жртвите од природни катастрофи во оваа година е 11.000 луѓе, кој исто така е помал од загинатите 27.000 во 2013-та година.

Оваа година осигурениците опфатени со штети изнесуваат 34 милијарди долари, што е за 24% помалку во однос на 2013-та година, предвидуваат од „Swiss Re“.

Невремето во САД во почетокот на 2014-та година чинело 1.7 милијарди долари, а пролетните бури – дополнителни 2.9 милијарди долари. Потоа невремето во Франција, Германија и Белгија, донесе загуби во вредност од околу 2.7 милијарди долари.