17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFacebook развива нова апликација за цензурирање слики!

Facebook развива нова апликација за цензурирање слики!

A view of Facebook's logo May 10, 2012 i

„Facebook“ развива нова апликација која со комбинација на вештачка интелегенција и програма за препознавање на содржините, би требало да ги разликува фотографиите кои се „нормални“ од оние кои корисниците на оваа друштвена мрежа ги објавуваат додека се пијани и кои може да ги доведат до многу непријатни ситуации, ден потоа.

Идеата, како што пишуваат електронските медиуми, се темели на фактот дека под дејство на алкохол корисниците најчесто не се во состојба да проценат кои фотографии се соодветни за објавување.

„Нашата цел е да развиеме систем кој ќе спречи објавување на фотографии со непријатна содржина, односно да ги предупреди корисниците кои имаат намера да објават некоја таква фотографија“, наведе Јан Ле Чун, „IT“ експерт и истражувач кој го води секторот за истражување на вештачката интелегенција во „Facebook“.

Како што додаде тој, апликацијата ќе биде тука за да ги запраша корисниците дали навистина сакаат да ја објаваат таа фотографија и дали се сигурни, затоа што, на пример таа слика може да биде видена од нивниот шеф или родител.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП